Фармерите сакаат повеќе субвенции и редовна исплата

Bez autora
Feb 01 2011

Субвенциите во земјоделството да се проектираат за период од три до пет години, а не година за година, предлагаат од Федерацијата на фармери на Македонија во својата Предлог - програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година. Тие бараат и зголемување на паричната помош, бидејќи само на ваков начин ќе имаат предвид колку средства можат да очекуваат, што е важен сегмент за финансиското менаџирање на фарма. Земјоделците бараат субвенционирањето да биде транспарентно и да има развојна нота, без која малите фарми, и покрај неколкугодишната финансиска поддршка, не можат да ја зголемат продуктивноста. За нив се проблематични и термините за аплицирање и за исплата на субвенциите што се различни секоја година.

Фармерите сакаат повеќе субвенции и редовна исплатаСубвенциите во земјоделството да се проектираат за период од три до пет години, а не година за година, предлагаат од Федерацијата на фармери на Македонија во својата Предлог - програма за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година.

Тие бараат и зголемување на паричната помош, бидејќи само на ваков начин ќе имаат предвид колку средства можат да очекуваат, што е важен сегмент за финансиското менаџирање на фарма. Земјоделците бараат субвенционирањето да биде транспарентно и да има развојна нота, без која малите фарми, и покрај неколкугодишната финансиска поддршка, не можат да ја зголемат продуктивноста. За нив се проблематични и термините за аплицирање и за исплата на субвенциите што се различни секоја година. Тие сметаат дека исплатата мора да биде најдоцна два месеца по периодот на аплицирање, а сите мерки да се реализираат до крајот на годината. Федерацијата на фармери предлага нерегистрираните земјоделци да добиваат поддршка за 20 проценти помала од регистрираните, со што ќе се овозможи да се зголеми бројот на регистрираните земјоделци.

Федерацијата настојува и да се укине субвенцијата за единица производ , како што е, на пример, по литар млеко.

„Не се спротивставивме на постоењето на ваква мерка, но еден од аргументите е дека таа не е стимулативна во однос на подобрувањето на квалитетот на млекото, поради тоа што не може исто да се наградува фармер со производ од екстра класа, кој инвестира во фармата, и фармер со најниска класа“, истакнуваат во Федерацијата.

Предлозите на Федерацијата се разгледани и се' што е во согласност со Стратегијата и законите е вметнато во годишната Програма за финансиска поддршка, информираат од Министерството за земјоделство. Фармерите неколку години се информираат за вкупната сума на субвенции што континуирано расте и според тоа можат да ги направат своите развојни планови. Од Министерството нагласуваат и дека точните суми во секоја земјоделска гранка не можат да бидат објавувани неколку години однапред.

„Станува збор за буџетски средства и поради тоа во планирањето на финансискиот дел од помошта треба да се почитуваат законите. Буџетот се планира секоја година, што значи дека е невозможно да се објавуваат конкретни суми неколку години однапред. Но, затоа, пак, земјоделците знаат дека средствата за субвенции ќе се зголемуваат, а нема да се намалуваат, всушност, тоа кажува дека во никој случај не можат да бидат оштетени“, вели Соња Трајкова, портпаролка во ова Министерство.

Фармерите бараат зголемување на субвенцијата во градинарството од 80.000 денари на 100.000 за оранжериско производство и укинување на поддршката од 1,5 денари за килограм. Повеќе пари се бараат и за постојните лозови и овошни насади, додека, пак, предлогот за субвенцијата на тутунот останува иста како и минатата година, 60 денари за килограм. По предлог на фармерите финансиската поддршка треба да се зголеми и во говедарството, свињарството, живинарството, козарството, пчеларството и овчарството.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik